Од вечерва горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи Регулаторната Комисија за Енергетика. Од полноќ, бензините поскапуваат за 1,50 денар/литар, па еден литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 62.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 64.50 денари.

Цената на дизелот се зголемува за еден денар, па еден литар Еуродизел ќе чини 53.00 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.

Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг и ќе изнесува 32,884 ден/кг. А.Р.