дома Економија Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ поскапуваат горивата

8

Од полноќ горивата ќе се продаваат со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, односно цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по половина денар.

Така, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 67.50 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 58.50 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, и ова гориво и понатаму ќе чини 69.00 денари. А.Н.