Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од утре бензините ќе имаат за еден денар повисока цена, а дизелот за половина денар.

Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 69,5 денари по литар, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 71,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе чини 62 денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), расте за половина денар и ќе изнесува 62 денари по литар.