Од полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени, одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Така, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, и од полноќ изнесува 81,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит, и ќе изнесува изнесува 83,50 ден/лит.

На ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), пак, цената се зголемува за 1,50 ден/лит, и од полноќ ќе се продава за 79,50 ден/лит.