Македонија повторно под карантин! Комисијата за заразни болести за која проектот “од варата на врата“ не е спорен, овој празничен викенд повторно ќе не затвори дома на 40 степени. Имено, Комисијата на владата и предложила целосно ограничување на движењето за време на претстојниот празничен викенд, односно полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот.

Со оглед дека има непочитување на мерките, нормално е да има нови случаи, па сметаме дека само вака ригорозна мерка ќе има вистински ефект, рече Филипче.

Тој најави дека сите други ослободувања, вклучувајќи отворање на угостителските објекти и евентуално скратување на полицискиот час се оставаат за наредната недела. Доколку Владата донесе одлука денес, угостителските објекти може да се отворат веќе во вторник.

Н.С.