дома Економија ОЕЦД предвидува пад на светскиот БДП за 4,5 проценти

ОЕЦД предвидува пад на светскиот БДП за 4,5 проценти

17
epa08639722 A woman walks past a sign in a window of a New York and Company store at Fashion Centre at Pentagon City, a shopping mall in Arlington, Virginia, USA, 01 September 2020. New York and Company is closing its stores, one of numerous retail chains having filed for bankruptcy as a result of the coronavirus COVID-19 pandemic. EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Светската економија претрпе невиден пад поради пандемијата на корона вирусот, но помала од очекуваната, особено во САД и Кина, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

ОЕЦД во извештајот рече дека предвидува пад на бруто домашниот производ од 4,5 проценти оваа година – помалку од предвидениот пад од шест проценти во јуни, пренесува Бета.

Светската економија се очекува да закрепне и да порасне за пет проценти следната година, соопшти организацијата.

Најновите проценки на ОЕЦД започнуваат од претпоставка за локални, спорадични случаи на инфекција со коронавирус, кои ќе се решат локално, со насочени мерки, наместо со целосен карантин што доведе до рекорден пад на БДП во многу земји меѓу април и јуни.

Исто така се претпоставува дека вакцината против КОВИД-19 нема да биде достапна до крајот на 2021 година.

ОЕЦД прогнозираше дека економијата на САД ќе падне 3,8 проценти оваа година, наместо падот од 7,3 проценти претходно предвиден.

Се очекува Кина да биде единствената земја во групата 20 најмоќни економии што ќе расте оваа година – за 1,8 проценти, наместо претходно предвидениот пад од 2,6 проценти.

ОЕЦД ги намали своите прогнози за Индија, Мексико и Јужна Африка.

Организацијата со седиште во Париз, која ги советува развиените земји за економска политика, ги повика владите да не ги зголемуваат даноците или да ги намалуваат трошоците следната година заради „зачувување на довербата и ограничување на несигурноста“.

„Треба да се вложат сите напори за зајакнување на довербата, бидејќи тоа е клучно за закрепнување“, рече главната економистка на ОЕЦД Лоренс Бун на прес-конференција.

Владите особено треба да продолжат да им помагаат на луѓето да најдат работа и да поддржат инвестиции, рече таа.

„Значи, првата порака што сакаме да ја испратиме е да не ги повторуваме грешките од минатото, да не ја повлекуваме фискалната поддршка прерано“. А.Р.