„Олимпијада за читање и математика“ ќе се одржи на 16 мај (среда) во Градски парк – Скопје на „Школка“ во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.
Едукативните активности за деца ќе започнат во 11:45 часот, а во периодот од 12.00 до 12.10 часот ќе има можност за изјави за медиумите од амбасадорот на САД, Џес Бејли, и директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“Сузана Киранџиска.
На настанот свое присуство најави и министерката за образование и наука, Рената Дескоска, како и претставници од Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар.