Омаж на на големиот француски актер Жан-Пол Белмондо преку проекција на еден од неговите култни филмови, ќе се случи во Кинотеката в понеделник, 18 октомври од 20 часот.  Ќе биде прикажан филмот „До последен здив“ на Жан-Лик Годар (1960) со Жан-Пол Белмондо и Жана Сиберг.

Вторник наутро, Марсеј. Мишел Поакар краде возило на американската армија и по автопат поаѓа во правец кон Париз. Изнервиран од еден Ситроен што не сака да претекне камион, Мишел претекнува среде кривина, а полицаец на мотор веднаш почнува да го следи. Мишел, во паника, пука во полицаецот и бега. Следното утро, пристигнува во Париз и ја запознава американската студентка Патрисија, со која започнува слободна љубовна врска. Таа сака да стане новинарка, а за да ги плати студиите на Сорбона, продава Њујорк Хералд Трибјун на Елисејските полиња…

Бројот на лица е ограничен на 50, а резервации  може да се направат во Кинотеката на 02/30 71 814 ; 02 30 65 968 ; 02 306 59 68 или на мејл: kinoteka@ukim.edu.mk