Талентираниот млад пејач Омар Џафероски, на својот дебитантски настап на Макфест 2020, со одлука на стручното жири го освои високото трето место.

На фестивалот Омар Џафероски настапи со песната Ако те изгубам, музика и аранжман Николче Мицески, текст Весна Малинова.

Возбуда и секако огромно задоволство беше кога ја добив потврдата од нашиот најреномиран фестивал на забавна музика Макфест,  дека со песната Ако те изгубам влегов во натпреварувачкиот дел на овогодинешното издание, но дека од таму ќе се вратам со освоено трето место во таква силна конкуренција од 24 изведувачи сепак не очекував.Би сакал и официјално да му честитам на Пере и Нокаут за освоеното прво место и секако да се заблагодарам на Николче и Весна за одличната песна и Благодарност до стручното жири на Макфест што го награди тоа”, вели Омар Џафероски. В.Ѓ.