дома Живот ООН потврдија дека еколошките мигранти имаат право на азил

ООН потврдија дека еколошките мигранти имаат право на азил

471

Комитетот за човекови права на ООН за прв пат „пресуди“ дека луѓето што бегаат од климатските промени имаат право да бараат азил. Одборот денеска ја објави пресудата во случајот со човек од островот Кирибати, кој беше вратен во таа островска држава во Тихиот океан, откако му беше одбиен азил на Нов Зеланд во 2015 година. Јоане Теиотита тврди дека неговиот живот, како и на неговото семејство е загрозен и тој се плашел дека океанот ќе ја поплави нивната земја, но мигрантските служби на Нов Зеланд заклучиле дека тој не обезбедил доволно докази за тие тврдења и дека иако Кирибати најверојатно ќе стане ненаселено место, постои шанса дека владата на таа островска држава ќе го избегне тоа.
Женевскиот комитет, кој инаку ја надгледува усогласеноста на државите со Меѓународниот договор за граѓански и политички права од 1996 година, заклучи дека депортацијата во овој конкретен случај не е легална, и дека слични случаи може да ги оправдаат барањата за азил во иднина.
Пресудата нема директно законско влијание, но најверојатно ќе бидат поднесени жалби од луѓе кои веруваат дека нивните права се загрозени од климатските промени.