дома Живот Животна средина Опасно загадување на воздухот во Техеран, училиштата не работат

Опасно загадување на воздухот во Техеран, училиштата не работат

32

Во целата покраина и главниот град Техеран денеска нема да работат со основни училишта поради силно атмосферско загадување, соопштија властите на Иран, додавајќи дека ќе работат училишта во само три помали градови.

Властите го воведоа системот за возење „пар-непар“, односно дозвола за возење добиваат возила во зависност од бројот кој го имаат на таблиците, пренесуваат агенциите.

Концентрацијата на ситни честици и чад во воздухот изнесува 144 микрограми на кубен метар воздух во престолнианта на Иран, додека во некои квартови е регистрирана и концентрација од 169 микрограми на кубен метар, што е значително повеќе од препораките на Светската здравствена организација од 25 микрограми на кубен метар воздух.

Тамошните медиуми објавија дека издувните гасови се одговорни за 80 проценти од загадувањето во Техеран.