Организаторите на Олимпијадата во Токио денес го презедоа олимпискиот пламен во Атина, на церемонијата без публика, поради пандемијата со коронавирусот.

На Олимпискиот стадион „Панатинаико“, каде се одржаа првите модерни Игри во 1896 година, првиот човек на грчкиот олимписки комитет, Спрос Капралос, и го предаде пламенот на  претставничката на Организацискиот одбор на Игрите, Наоко Имото.

Пламенот беше запален пред седум дена, но по само 24 часа запре неговата турнеја низ Грција поради коронавирусот.

Тој утре ќе пристигне во Токио и планот е да помине низ целата земја.

Олимпијадата, засега, треба да се одржи навреме, од 24 јули до 9 август. А.Р.