За вицепремиерот Бујар Османи денешните одлуки за олабавување на рестриктивните мерки на Владата не се ад хок решенија, туку се дел од подолгорочна стратегија на Владата како да се овозможи безбедност на граѓаните во услови на слободно движење.

Бујар Османи, кој е главен координатор на кризните штабови за справување со вирусот КОВИД-19 им  се заблагодари за високото ниво на дисциплина, свест и саможртва што ја покажаа  граѓаните во сите овие недели на наметнати рестриктивни мерки.

Османи  како успех го потенцираше справувањето со вирусот во Дебар каде од најголема криза и рестриктивни мерки веќе нема позитивни случаи, како и во Куманово кога, потенцираше дека со навременото тестирање и детектирање беше овозможено нормализирање на кривата.

На прашањето на ТЕХТ.МК дали може да ја искоментира вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама, во која наводно тој ги повикува само Албанците од соседните земји да ја посетат Албанија, Османи кажа дека не ја слушал изјавата на Рама, но дека не верува дека тој такво нешто кажал. Според Османи, Рама кој е амбасадор и промотор на Балканскиот шенген нема простор зошто тоа

„Таа можност не постои ниту легално, ниту физички, така да лично мислам дека станува збор за недоразбирање„ – рече вицепремиерот Бујар Османи.

Н.С.