Младински образовен форум и Радио МОФ ја организираат изложбата на Душан Стефановски, со која се отвора „Културно лето во МОФ – Cult+Alt+Repat“.

Изложбата започнува во 19:30 часот во дворот на Младински образовен форум (улица Дренак 34 а). На настанот присутните ќе можат да видат мал пример од новореформираниот апстрактен јазик на докажаниот млад уметник Душан Стефановски.

„Културно лето во МОФ“ ќе трае од 29-ти јули до 31-ви август 2021 година. Младите низ повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога итн.

Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.  

Локација: https://goo.gl/maps/QyFiBZfX51qiaAWK8

ФБ-евент: https://fb.me/e/2oNB4q9dH