Свеченото отворање на 42-рото издание на манифестацијата „Скопско лето“ на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката „Fete de la Musique“, e вечерва, 21-ви јуни (понеделник). Манифестацијата ќе се отвори со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, којашто ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет, а ќе биде со почеток во 21 часот. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер Трајко Јордановски. Настанот е во соработка со Националната опера и балет. Учествува Оркестарот на Националната опера и балет, додека испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.
 Ќе се изведуваат дела од Маскањи, Мусоргски, Пучини, Чајковски, Гуно, Леонкавало, Белини, Верди.
Билетите се во продажба на билетарата на Националната опера и балет по цена од 300 и 400 денари и онлајн на https://www.karti.com.mk/od-orkestarot-za-publikata.nspx. За повеќе информации обратете се на билетарата на Националната опера и балет, чиј телефонски број е +389(02) 3118451 / +389 78 426 536.
Воедно, Скопско лето најавува утревечер 22.06.2021г., вторник, ќе се одржи концерт на ХОРОТ на Националната Опера и Балет, со почеток во 21 часот, на Зелен покрив на ГТЦ. Влезот е слободен.
Диригенти / хор – мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ, пијано придружба е на Јанинка Невчева, а режисер е Дејан Прошев. Концертот е во соработка со Националната Опера и Балет.
Следете на  социјалните мрежи:

Facebookwww.facebook.com/skopskoleto.skopje

Instagramwww.instagram.com/skopskoleto

Twitterwww.twitter.com/skopskoleto

Веб-странаhttps://skopskoleto.mk