дома Живот Сцена Отворен нов ресторан, „Еквилибриум“

Отворен нов ресторан, „Еквилибриум“

306

Од овој викенд листата на гламурозни скопски ресторани е проширена. Со гала свеченост, прекрасна забава и преполно гости, викендов во Скопје се отвори уште еден луксузен ресторан,  на улица Методија Шаторов Шарло, број 11, во скопската населба Аеродром.

Станува збор за „Еквилибриум“, семеен бизнис на познатото семејство Котеви, сопственици на најпознатата стоматолошка ординација, „Ендомак“

На здравица и чукнување на чашите, дојдоа пројни пријатели, меѓу кои најмногу имаше Струмицани, од родното место на познатите доктори, имаше и политичари, и познати ликови,  Јордан Плевнеш, Борис Трајанов, Силви и Влатко, Цветанка Ласкова, Марјан Коцев, Верица Пандиловска и други . Веселбата започна со моливта од Владиката, со лесни ноти од музички квартет, а заврши поразиграно. Богатата трпеза беше нешто со кое со мерка се сладеа присутните.

Според изгледот и услугата, станува збор за уште еден модерне и луксузен ресторан, со современа атмосфера.