Во Формула 1 одолеваа, но на крајот е донесена единствената разумна одлука – Големата трка во Австралија е официјално откажана поради опасност од ширење на вирусот корона!

ФИА го чекаше последниот момент и ја откажа трката во Австралија на само два часа пред првиот официјален тренинг, потпомогната од притисокот од Мекларен, кој објави дека нема да се натпреварува бидејќи еден од нивните членови на тимот бил заразен, а се спротивстави и актуелниот шампион Луис Хамилтон.

Почетокот на сезоната во Формула 1 според тоа ќе доцни, а интересно е што само три екипи беа подготвени да се натпреваруваат на првиот викенд: Ред Бул, Алфа Таури и Рејсинг Поинт.

Сите други екипи во Формула 1 се залагаа за одложување на почетокот на првенството, што ФИА на крајот го потврди и засега нема информации колку долго може да трае оваа пауза и кога воопшто може да започне натпреварувачката сезона.

Ако се земе предвид дека во Австралија во моментот има околу 160 заразени од корона вирусот, не е јасно зошто се водеше дискусија за одржување на трката која значи огромен број изложени …

Неофицијално, таа би можела да биде во Бахреин следниот викенд, но без публика.А.Р.