дома Политика Свет Пакистан: Во земјотрес загинаа 20, повредени околу 300 луѓе

Пакистан: Во земјотрес загинаа 20, повредени околу 300 луѓе

4
Фото Принскрин Алџезира тв

Најмалку 20 лица загинаа, а околу 300 се повредени во земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, што утрово ја погоди јужната пакистанска провинција Балучистан, објави Секторот за управување со катастрофи.

Земјотресот се случи во раните утрински часови додека многу жртви спиеја, а спасувачите потврдија дека повеќето од загинатите се жени и деца, пренесува Ројтерс.

Земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала беше релативно плиток, на длабочина од 20 километри и со епицентар на 102 километри источно од градот Кета, објави американскиот геолошки институт (USGS).

„Повеќе од 100 куќи од кал се урнаа и голем број беа оштетени, вклучително и владини згради. Стотици луѓе останаа без покрив над главата “, потврди владин претставник за Ројтерс.

Пакистанскиот премиер рече дека наредил итна помош за погодените области во областа Харнаи во провинцијата Балучистан, како и за жртвите од земјотресот, и побара проценка на штетата за навремена помош и надомест.

Според локалните власти, голема штета е предизвикана во округот Харнаи, која се наоѓа источно од Кета, и има голем број рудници за јаглен кои би можеле да се урнат за време на земјотресот. А.Н.