Здравјето на нашиот дигестивен систем најдобро може да се забележи на нашата кожа. Ако не внесуваме доволно хранливи материи во телото, нашиот дигестивен систем станува „неуреден“ или дури и чувствителен на одредени видови на храна, што првенствено се гледа на нашата кожа. Донесуваме пет намирници кои ќе ви помогнат да добиете убав и природен сјај на кожата.

Авокадо

Авокадото содржи мноштво влакна и здрави масти кои природно ја хрануваат кожата. Авокадото, исто така, содржи големи количини на витамин Ц, Е и антиоксиданти кои ги држат слободните радикали во нашето тело под контрола.

Бразилски ореви

Бразилските ореви се полни со селен кој е одличен за нашиот имунолошки систем. Селенот ги спречува воспалителните процеси, се бори против слободните радикали и помага во регулирањето на метаболизмот.

Лосос

Лососот е одличен извор на протеини и омега-3 масни киселини од суштинско значење за смирување на воспалителните процеси и обезбедување на доволно влага во нашите клетки. Внесувањето на доволни дневни количини протеини е од суштинско значење за одржување на мускулната маса и структурата на нашата кожа. Ако не можете да консумирате лосос (или риба воопшто), можете да го замените со растенија кои содржат омега-3 масни киселини, како што се ореви, чиа семки, семе од коноп или ленено масло.

Малини

Малините содржат многу малку шеќер и се полни со антиоксиданси кои се борат против слободните радикали во нашето тело. Како и авокадото, и малините се полни со влакна – 1 чаша малини задоволува дури 23% од нашите дневни потреби од влакна.

Семки од тиква

Семките од тиква се полни со цинк – минерал кој ја штити нашата кожа од УВ зраци и го помага создавањето на колаген и растот на косата. Семките, исто така, содржат многу други минерали и витамин Б, што ја прави нашата коса силна и здрава. Тие се одличен извор на железо, протеини, калциум и магнезиум, кои играат важна улога во одржувањето на здрава циркулација. Семките од тиква можеме да ги користиме за да ја зачиниме салатата, можеме да ги ставиме во смути или да ги додадеме во житни снегулки.