Има некои денови кога сакаме да јадеме нешто слатко, но без шеќер, да бидеме старомодни, но да биде подготвенo брзо и модерно. Ако се прашувате што може тоа да биде – ви предлагаме печени круши. Тоа е десерт што го правеа нашите баби, а оние кои убаво се сеќаваат, денес им го подготвуваат на своите деца. Покрај тоа што е здрав, тој не користи шеќер, туку само природна храна и го подобрува процесот на варење.

Подготовка:

Измијте добро 5 зрели круши, но не ги лупете. Исечете ги крушите на половина и извадете ги семето од секоја круша. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Посипете ги парчињата со мед и малку цимет. Во зависност од тоа што сакате да јадете, секоја половина од крушата можете да ја посипете со ситно исецкани ореви, лешници, бадеми или други ореви. Можете исто така да додадете суво грозје, сецкани сливи или смокви.
Ставете го плехот за печење со крушите во добро загреана рерна на 250 ° С. Оставете ги на таа температура 10 минути и потоа намалете ја топлината на 200 степени. Гледајте ги крушите додека се печат и кога ќе забележите дека одозгора почнале да се карамелизираат, извадете ги од рерна. Во зависност од јачината на рерната, можете исто така да ја намалите температурата за да избегнете загорување на крушите. Времето за печење е од 30 до 45 минути. Печените круши можете да ги декорирате со шлаг или сладолед и да ги послужувате додека се млаки.             А.Н.