Од полноќ повторно поскапуваат горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со новите измени цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари, за денар на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари.

Со новите измени цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 71 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 73 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 63 денари за литар. Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 денари и од полноќ ќе чини 37,152 денари за килограм.