дома Политика Свет Пожарот во близина на Чернобил се прошири, на огнената стихија фрлени 72...

Пожарот во близина на Чернобил се прошири, на огнената стихија фрлени 72 тони вода

100

Пожарот во близина на нуклеарната централа во Чернобил се рашири на околу 35 хектари, соопшти денеска украинското Министерство за вонредни ситуации.

Во гаснење на пожарот се вклучени два хеликоптери Ми-8 и еден авион Ан-32П, а веќе се фрлени 72 тони вода врз огнената стихија, пренесува ТАСС.

Агенцијата вели дека нивото на зрачење во Киев и регионот е во нормални граници.

Претходно, полицијата соопшти дека е уапсен човекот одговорен за пожарот, 27-годишник кој палел ѓубре и сува трева. А.Р.