дома Политика Свет Пожарот во Калифорнија однесе 88 животи, исчезнаа 196 лица

Пожарот во Калифорнија однесе 88 животи, исчезнаа 196 лица

14

Најмалку 88 лица загинаа, а 196 се водат за исчезнати три недели по избувнувањето на најголемиот шумски пожар во историјата на Калифорнија, објавија денес властите на оваа американска држава.

Пожарот избувна на 8 ноември и оттогаш се уништени речиси 14.000 куќи, изгоре површина од 62.000 хектари во градот Перадајс и околината. Во оваа област во северниот дел на Калифорнија живеат 27.000 луѓе.

Кори Хонеа, шериф на округот Бут, рече дека е оптимист и верува дека некои од исчезнатите луѓе сеуште се живи. Се случувало луѓето од оваа листа да бидат најдени во засолништа, во хотели или кај нивните пријатели, објавија властите.

Досега, со помош на ДНК анализа се идентификувани 35 жртви, а прелиминарна идентификација е направена за 47. Идентитетот на шестмина повредени сеуште е непознат, изјави шерифот.

Противпожарната служба соопшти дека целосно е изгаснат пожарот во неделата, на 25-ти ноември. Причината за неговото избувнување сеуште не е утврдена.