Дека ноиот корона вирус не бира по боја, слава и богатство, говори најновата информација што доаѓа од Италија.
Меѓу 10.779 жртви е и поранешна спортска ѕвезда, поранешниот шампион во боксот, Анџело Ротоли.

Тој почина на 61-годишна возраст во Бергамо, еден од најтешко погодените градови во оваа епидемија и за да ја направи семејната трагедија уште поголема, од вирусот починаа и неговата мајка и неговиот брат.

Ротоли беше  „крал во категоријата“ во натпреварите на ЕБУ, и се стремеше кон појасот ВБЦ, но никогаш не го доби.

Како повеќекратен шампион на Италија, тој го предизвика шампионот на ВБЦ, Карлос де Леон во 1987 година, но борбата беше прекината поради исекотини на лицето, во време кога неговиот ривал беше оценет за подобар од судиите.

ЕБУ титулата ја добиви со победа0, па ја загуби, и на крај ја врати титулата завршувајќи ја кариерата во 1990 година со само два порази и со 29 победи.

Со него, боксот изгуби уште еден поранешен ас на 29 победи. Денеска почина и поранешниот германски борец Франк Рајх, кој почина од карцином на 70-годишна возраст.

А.Н.