понеделник, мај 20, 2019
дома Култура Почина театарскиот актерски великан Мите Грозданов

Почина театарскиот актерски великан Мите Грозданов

23
Во 75-тата година од животот вчера, 25.11.2018, почина Мите Грозданов, театарски актерски великан. Грозданов (14.12.1943) беше актер на Драмскиот театар во Скопје каде што работеше од 1967 до пензионирањето во 2008 година.Роден е во Струмица на 14 декември 1943 година. Во својата 40-годишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои во „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“…

Драмскиот театар ја имаше честа да го има во своите редови и беше сведок на исклучителната посветеност во процесот на создавањето на театарските претстави, велат од неговиот матичен театар каде ќе се одржи комеморација утре, 27.11.2018 во 10.00 часот.

Посмртните останки на починатиот ќе бидат изложени во 11.30 часот, во црквата Св.Пантелејмон во Долно Нерези. Погребот ќе се изврши во 12.00 часот на гробиштата во Нерези. Добитник е и на голем број награди, како „Млад борец“, Златен ловоров венец на МЕСС, Сребрена колајна на Фестивал на монодрама во Земун, Актер на годината на „Екран“, награди за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на кој во 2010 ја доби и наградата за животно дело.