дома Култура Театар и Филм Почна „Руска зима” во Кинотеката на Македонија

Почна „Руска зима” во Кинотеката на Македонија

12

Месецот на руски филм насловен „Руска зима” беше отворен синоќа во Кинотеката на Македонија, со проекцијата на филмот „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ најновото остварување на Карен Шахназаров.

Покрај поздравните обраќања на директорот на Кинотеката на Македонија, Владимир Ангелов и амбасадорот на Руската федерација во  Македонија Сергеј Баздникин, овој настан беше одбележан со доделувањето на почесената титула Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни ЕФТА, со пригодна беседа на ректорот Јордан Плевнеш, на едно од најзначајните имиња на современиот руски филм и директор на Москва филм – Карен Шахназаров, кој дојде во Скопје по повод оваа пригода.

Ова престижно признание, со кое се вреднуваат врвните достигнувања во областа на аудиовизуелните уметности, досега им е доделено на имиња со светско реноме, како што се  Клод Лелуш (Франција), Маноел Де Оливеира (Поругалија), Јиржи Менцел (Чешка) и Роберт Вилсон (САД), истакна Плевнеш.

Шахназаров бше мошне возбуден при примање на почесната титула.

До крајот на февруари ќе бидат прикажани 25 класични и современи руски филмови, а поводот се 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Повеќе информации за циклусот на http://kinoteka.mk/.