Во понеделник  на 21 март од 11 до 15 часот, во кафе „Аквариус“ во Охрид  вашето омилено еспресо или макијато  ќе можете да го платите со напишан стих.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и кафетеријата „Аквариус“ во соработка со издавачката куќа „Три“ и „АБВ дизајн“ и „Монкафе“ традиционално го организира настанот „Напиши стих – купи кафе“ по повод Светскиот ден на поезијата, приклучувајќи и’ се на глобалната иницијатива, каде што со неколку ваши, кратки  строфи можете да купите кафе. Размислувајте уште од сега и најдобрите стихови ќе ги наградиме.

Формирана е комисија која дополнително преку социјалните медиуми ќе ги соопшти имињата на наградените.

„На масите во „Аквариус“ ќе ве чека  лист хартија и пенкало. Ваше е да напишете – најдобар стих и да оставите име презиме и ако сакате контакт за полесно да ве најдеме ако сте во наградените. Најважно е да се дружиме, да бидеме креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на вашето присуство!“, велат од НУ Библиотека  „Григор Прличев“.