Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адаомн Гебрејесус предупреди дека вакцината сама по себе не е доволна за да се победи пандемијата на коронавирус.

„Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме, а нема да ги замени“, рече Гебрејесус на состанокот на извршниот совет на СЗО.

Што се однесува до вакцината, извршниот директор, како и неколку негови заменици, се обидуваше да го намали оптимизмот во последните неколку дена, откако „Фајзер“ и „БиоНТек“ објавија дека нивната вакцина, која е во третата фаза на тестирање, е ефикасна 90 проценти.

„Првично, количините ќе бидат ограничени и затоа медицинскиот персонал, старите лица и луѓето во ризик ќе имаат приоритет и се надеваме дека ова ќе го намали бројот на смртни случаи и ќе им овозможи на здравствените системи да издржат“, рече Гебрејесус, предупредувајќи дека „сè уште ќе има многу простор за делување на вирусот”.

Затоа, тој повика на предвремено укинување на мерките за контрола на ширењето на коронавирусот, како што се тестирање, карантин и следење на контактите.

Новиот бран пандемии ги принуди земјите да преземат дополнителни ограничувања за да го спречат ширењето на вирусот. А.Н.