Локалните медиуми во Романија го пријавија првиот случај на коронавирус во земјата. Станува збор за лице кој се вратил пред 3 недели од Италија.

Засега нема потврда за информациите, изјави за Ројтерс заменик-министерот за здравство Андреј Бачу.

„Досега, имаме само негативни резултати од тестот“, рече Бачуу. Притоа, тој ги негираше информациите што порано ги проследуваа романските медиуми за заразен човек, кој неодамна бил во Италија.

Мажот беше ставен во карантин во заразен оддел во Букурешт. Оттогаш тие не коментираа.

Во исто време, романската новинска агенција Медијафакс објави дека 71-годишниот Италијанец, кој ја посетил Романија минатата недела, му бил дијагностициран коронавирус и бил примен во болница во Римини.

Прв случај на коронавирус во Швајцарија

Во меѓувреме, италијанските власти објавија дека уште три лица на кои им е дијагностицирана болест починале на северот на земјата. Така, бројот на жртвите на најтешко погодените делови во Италија достигна 11 лица.

Покрај Кина, Италија, Иран, Северна Кореја први случаи на короно вирус пријавиле и Швајцарија, Австрија, Хрватска, Романија и Шпанија.

 

Денес стана јасно дека епидемијата зафатила две италијански области каде досега не беа заразени – Тоскана (во централна Италија), со два случаи во Фиренца и Пистоја и Сицилија (во јужна Италија), каде турист престојувал во хотел во Палермо, и е примен во болница. Случајот во Сицилија е прв во јужна Италија.

Италија и нејзините соседи денес решија да не ги затворат границите заради коронавирусот, бидејќи таквото решение би било непропорционално и неефикасно, пренесе АФП.

А.Н.