Стејси Канингем е новата директорка на Њујоршката берза (NYSE), што е прв пат во 226-годишната историја на берзата жената да е назначена на највисоката позиција.

„Стејси Канингем е 67. директор на Њујоршката берза“, соопшти матичната компанија NYSE „Интерконтинентал ексчејнџ“ за „Волстрит џурнал“, потсетувајќи дека таа е моментално оперативен директор на берзата.

Канингем на новата функција ќе започне в петок, а ќе го замени Томас Фарли, кој во ноември 2013 година дојде на чело на Њујоршката берза.

Фарли најави дека ќе го напушти „Интерконтинентал ексчејнџ“ за да го води инвестицискиот фонд „Фар Поинт“.