Комисијата за заразни болести утрово препорача нов пакет на рестриктивни мерки за периодот од 18 декември до 21 јануари.

Една од мерките е угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.

Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

Во престојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците.

Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.

На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.

На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора. А.Р.