дома Култура Театар и Филм Премиера на документарецот „Локални херои – светски таленти“

Премиера на документарецот „Локални херои – светски таленти“

206

Документарниот филм „Локални херои – светски таленти“ за светски познатите Роми кои потекнуваат од најстарото Ромско маало на Балканот и пошироко – Топаана, ќе биде премиерно прикажан на 1 март, четврток во Кинотека на Македонија со почеток од 19 часот.

Документарниот филм „Локални херои – светски таленти“ вклучува теми на обработка на ликови – Роми кои направија напори и ги елиминираа стереотипите кон Ромската заедница, каде преку тие ликови пренесена е поинаква порака кон другите народи. Ликовите кои ќе продефилираат во „Локални херои – светски таленти“ се „надвор“ од зацртаните познати стереотипи кон Ромите. Тие ликови испраќаат поинаква порака.

Таа порака меѓу другото е и дека сите тие се обични Роми, соседи, познаници во своето опкружување – Топаана, но од друг аспект успешни во поинакви полиња, а тоа се уметноста, културата, филмот, политиката и во своето делување го издигнале ромскиот идентитет на едно поинакво и повисоко рамниште, и тоа не само во Македонија туку и во светот.

Тие ликови се: актерот Бајрам Северџан – Др Кољо, пејачките Васка Јанковска, Есма Реџепова Теодосиевска, пејачот Мухарем Сербезовски, режисерот Рахим Бурхан, политичарот Абди Фаик и телевизискиот креатор и Претседател на Светскиот сојуз на Ромите, Зоран Димов, како и многубројни соговорници како што се Емир Кустурица, Горан Бреговиќ, Столе Попов, Данчо Чеврески и др.

Премиерата на документарниот филм „Локални херои – светски таленти“ ќе се слави и со свечен коктел за присутните. Овој значаен филм е во продукција на „Супер Продукција БРТ“.