ФОТО: Агенции, Дневни аваз

Премиерите на три европски земји Полска, Чешка и Словенија денеска ќе отпатуваат за Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинскиот премиер Денис Шмихал, соопшти полската влада, јави Си-Ен-Ен.

Според соопштението од kабинетот на полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, вицепремиерот Јарослав Качински, чешкиот премиер Петр Фиала и словенечкиот премиер Јанез Јанша ќе ја посетат украинската престолнина како претставници на Европскиот совет.

„Посетата беше организирана во консултација со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, се вели во соопштението. „Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина. Целта на посетата е, исто така, да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците“.