Словенечкиот премиер Миро Церар одлучи да поднесе оставка на својата функција, јавија словенечките медиуми.

Церар одлучи да поднесе оставка откако Врховниот суд го поништи референдумот за изградба на нова железничка пруга од Копар до Дивача.

– Денешната одлука е капка што ја прели чашата. Проектот за втора пруга претрпе нов удар и не сакам да учествувам во такви работи – рече Церар на прес-конференцијата.

Врховниот суд на Словенија претходно пресуди дека владината поддршка за проектот за време на референдумската кампања била унилатерална и можела да влијае врз исходот од гласањето.

Референдумот одржан во септември минатата година го поддржа владиниот план за изградба на дополнителни 27 километри железничка пруга од пристаништето Копер до центар во близина на границата со Италија.

Според „24ур“, Церар ќе продолжи да ја врши оваа функција до изборите во мај.

– Чесни граѓани и граѓанки ја враќам моќта во ваши раце и поднесувам оставка. Ќе поднесам оставка во националното собрание. Се одлучив на овој чекор, бидејќи е неопходно да се знае што е исправно и што не е. Јас ја прифаќам одговорноста и го правам она што секој доверлив политичар би го направил – рече Церар.