Една од апликациите што забележа огромна експанзија поради пандемијата на корона вирусот, е „Зум“(Zoom), апликација за видео конференции со многу соговорници. Но, паралелно со зголемената употреба, се јавија сомнежи и за нејзините недостатоци и недоволното ниво на безбедност кога се во прашање личните податоци на корисниците.

Така, според извештајот на веб-страницата „BleepingComputer“, над 500.000 профили на „Зум“ се нашле на продажба на повеќе хакерски форуми. Сепак, според некои тврдења, овој пропуст не е недостаток на самата апликација „Зум“, туку податоците за пристап до корисничките профили, најверојатно се собрани преку напади на акредитивите за пристап. Хакерите најверојатно ја проверувале нивната валидност користејќи ги податоците што се појавија во некои постари „пробивања“.

Оние податоци што се покажуваат дека се успешни односно валидни при најавите, потоа се ставаат на списоци кои се продаваат на други хакери. Некои од овие профили на „Зум“ дури и се нудат бесплатно на хакерски форуми, така што другите хакери можат да ги користат во своите злонамерни активности. Затоа, ако користите „Зум“ овие денови, можеби е добро да размислите за промена на податоците со кои пристапувате до апликацијата. А.Н.