дома Култура Пробиштип домаќин на натпревар по англиски јазик

Пробиштип домаќин на натпревар по англиски јазик

227

Приватното училиште за странски јазици „КАРИЕРА И УСПЕХ“ од Пробиштип за првпат беше домаќин на шестиот интернационален натпревар по англиски јазик-HIPPO. Натпреварот е во организација на меѓународната образовна компанија EDI и нејзиниот претставник за балканските здруженија „Global Input“ во кој учествуваат натпреварувачи од 9 до 18 години од Србија, Хрватска, Италија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Учесниците се натпреваруваа во пет категории, според годината на раѓање, односно нивото на знаење (Hippo 1,2,3,4 и 5) кои се усогласени според заедничката европска јазична рамка А1, А2, итн. Најдобро рангираните учесници од регионот стекнуваат право на учество на полуфинален дел. Финалниот натпревар ќе се одржи во Лидо ди Јесоло во Италија.

„Учество на натпреварот зедоа ученици од нашиот регион Пробиштип, Кратово, Радовиш, Кочани и Штип во различните HIPPO категории. Чест и задоволство е да се биде домаќин на еден ваков натпревар од едукативен карактер. Во очекување сме на резултатите. Имено, им честитам на сите ученици и им посакувам голем успех“, изјави регионалниот координатор на HIPPO натпреварот, м-р Сашка Јовановска.