Синоќа, 10 април во Музеј на Македонија се одржа промоција на книгата „Не е шега: дискиминација и цензура“ и џез концерт на Тони Китановски и неговите студенти, како еден заеднички настан.
Промотор на книгата беше доц. д-р Ана Никодиновска Крстевска, која заедно со проф. м-р Јана Јакимовска ја уредуваше оваа публикација. Книгата е концентрирана на темите дискриминација и цензура, коишто беа обработувани од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“, и тоа преку текстови и изработка на плакати.
Истакнатиот македонски џез музичар и педагог, Тони Китановски, во оваа пригода диригираше неколку композиции кои беа изведени од неговите талентирани студенти.
Со оваа промоција и концерт се финализира настанот „Не е шега: дискриминцација и цензура“, којшто во периодот од 1 до 10 април го организираа Универзитетот „Гоце Делчев“ и Музеј на Македонија.