Под покровителство на УКИМ, одбележувајќи го Светскиот ден на науката за мир и развој, во свечената сала за седници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се промовираше основањето на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања – ЦеНИИс.

Цврстата определеност на УКИМ за подобрување на својата видливост во научниот простор во Европа и Светот, се огледува и низ оваа алатка, Центарот ЦеНИИс. Идејата е да се поврзат научните сили на академската заедница на УКИМ и етаблирани и признати научници кои работаат на реномирани универзитети, ширум светот. Градејќи го своето портфолио на најстар и најдобар Универзитетот, УКИМ на овој начин се стреми да развие нов инструмент со синергетски ефект, во насока на подобрување на видливоста на Светските ранг листи на универзитети.

Главните протагонисти на панелот беа основачите бе ЦеНИИС, наши реномирани научници кои работат и творат низ светските универзитети. Основачите на ЦеНИИс, проф. д-р Јадранка Стојановска, од  New York University, Grossman Medical School, од САД, проф. д-р Розита Димова од Ghent University, Одделот за јазици и култури од Гент, Белгија  проф. д-р Петар Поповски, Aalborg University, Department of Electronic Systems, од Алборг, Данска и  проф. д-р Никола Стиков, Polytechnique University of Montreal, Institute of Biomedical Engineering,од Монтреал, Канада, говореа за нивната мотивација да се приклучат кон Центарот и да придонесат со свои иницијативи и активности да се развијат рзлични форми на интердисциплинарни соработки со академската заедница на УКИМ, а кои ќе резултираат со резултати кон подобрување на видливоста. Во текот на двочасовната среддба учесниците ги презентираа условите за членство и начините за мотивација на истражувачите ширум светот, со потекло од нашата држава, за да се приклучат кон иницијативата на Центарот ЦеННИс и да соработуваат со УКИМ.

Панелот го водеше проректорот за наука проф.д-р Валентина Гечевска, а покрај постојните членови на Центарот говореа и ректорот проф. д-р Јанкуловски и проректорот за меѓународна соработка,   проф. д-р Ордан Чукалиев.

Како што можеше да се слушне за време на панелот целтта на ЦеНИИс е зајакнување на интернационализацијата и меѓународната соработка, додека негова мисија е да ги поврзува научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а се родум од нашата држава, да воспостават соработка со УКИМ, да се вмрежуваат со нашите научни кадри и млади истражувачи и преку синергија да развиваат научни интердисциплинарни јадра во различни области, кои ќе придонесат кон подобрување на видливоста на Универзитетот во меѓународниот научноистражувачки екосистем. Визијата на Центарот е да биде матица за научници родум од нашата држава, кои сакаат да се вмрежат и да воспостават соработка со УКИМ.

На панел дискусијата „УКИМ во интернационални рамки“, кој се одржа хибридно, со физичко присуство на дел од учесниците и со видео врска на платформа Zoom, се промовираа добитниците на наградите за најдобри научници и уметник во сите научноистражувачки подрачја и уметности.

Проф. д-р Марјан Гушев од ФИНКИ е добитник на новата награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје – плакета за пособен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот. Наградата му е врачена по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, како признание за објавени најголем број научни публикации индексирани во базата на „Web of Science” во изминатата деценија (2011-2020) и придонес за афирмација на Универзитетот во земјата и странство.

Ректорот, проф.д-р Никола Јанкуловски, ги промовираше најдобрите научници и уметник на Униврзитетот во одделни научноистражувачки подрачја, кои постигнале врвни научноистражувачки резултати во изминатата 2020 година. За најдобри научници се промовирани: проф. д-р Валентин Мирчевски, Природно-математички факултет, во природно-математички науки; доц. д-р Ефтим Здравевски, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во техничко-технолоки науки; проф. д-р Марија Вавлукис, Медицински факултет, во медицински науки; науч.сор. д-р Александар Цветковиќ, Факултет за ветеринарна медицина;  проф. д-р Борче Тренески, Економски факултет, науч.сор. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, Институт за македонска литература и проф. д-р Румена Бужаровска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Н.Д.