фото: Фејсбук
Промоција на Евровизиската песна на Васил „Here I stand“, ќе се одржи во четврток, 11-ти март, во хотел Парк со почеток. Тим на Македонската Радио Телевизија во соработка со РТС ( Радио Телевизија Србије ) изминатите денови работеше на реализација на снимка на сценскиот настап под мониторинг на ЕБУ, која треба да послужи како резервна варијанта, доколку е оневозможено присуство на делегацијата во мај, во Ротердам.
Настапите и за Македонија и за Србија беа реализирани во едно од студијата на РТС на Кошутњак, Белград, со што двата национални сервиси ја потврдија долгогодишната соработка и пријателство.
Во моментов ЕБУ фокусот го има на реализација на сценариото Б, што подразбира одржување на Евровизија во мај во Ротердам, со присуство на делегациите, но со специјални протоколи.