дома Култура Литература Промоција на книгата „Мојот родослов“ од Славе Трајаноски во Охрид

Промоција на книгата „Мојот родослов“ од Славе Трајаноски во Охрид

26

Книгата „Мојот родослов“ од Славе Трајаноски ќе биде промовирана в сабота во 11 часот во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

– Литературното првенче на Трајаноски е книга напишана од срце, со единствена цел преку запознавање на својот род да се запознае себеси, порачуваат организаторите.

Славе Трајаноски е роден на 12 март 1948 година во Охрид, во работничко семејство. Основно училиште завршува во ОУ „Григор Прличев“, а средно во Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид во 1967 година. Студира на Педагошката академија во Скопје, а работниот век го поминува во Собранието на општина Охрид, како припадник на штабот за територијална одбрана.