Книгата „Се што знам за животот“ на Тихомир Јанчовски е дневник, прозно дело, кое низ субјективна перспектива на авторот ги задржува и јазички презентира доживувањата и појавите во свеста. По својата форма, книгата е дневник бидејќи, авторот бележи настани и појави на дневно ниво, а напишаните содржини од секој посебен ден се внесени со датум и временски референци. Освен тоа што е дневник, делото носи уште еден важен атрибут, имено е и филозофски дневник, а формално и тематски асоцира на егизстенцијалистичките мислители, пред се на Сорен Киркегор, авторот на „Дневникот на заводникот“ и Жан Пол Сатер, авторот на филозофскиот дневник „Тегобност“. Покрај специфичноста на пристапот, книгата обработува значајни онтолошки, епистемолошки, етички и естетички прашања и претставува вистински придонес во македонската филозофска мисла. Промотор на книгата: Проф. д-р Ристо Солунчев Предговор и уредник на книгата: Магдалена Стојмановиќ.

Промоцијата е закажана за 20 Јуни, недела, во книжарница Буква, со почеток во 20 часот.

А.Н.