Нуркачи трагаат по остатоци од урнатиот индонезиски авион Фото EPA-EFE/Bagus Indahono

Пронајдена е една од двете црни кутии на патничкиот авион што се урна во морето по полетувањето од Џакарта, изјави денеска индонезискиот министер за транспорт Буди Карија Сумади.

„Пронајден е FDR (снимач на податоци за лет)“, рече министерот.

Црната кутија треба да им помогне на истражителите да ја утврдат причината за несреќата што се случи во саботата.

Нуркачите на индонезиската морнарица ги бараа двете црни кутии од авионот кои беа локализирани во неделата.

Боингот 737-500 на „Сривиџаја Ер“, со 62 патници и членови на екипажот, во саботата изгубил контакт со контролната кула по полетувањето од Џакарта и се урнал во морето. А.Н.