Повеќе од три милијарди електронски адреси и лозинки се појавија на „црниот пазар“. Според порталот „CyberNews“, на популарниот форум за хакери се појавиле околу 3,2 милијарди протечени квалификации (комбинација на е-адреси и лозинки), кои опфаќаат некои од најпопуларните Интернет страници, како што се Netflix, LinkedIn и други.

Да биде целосно јасно – ова не ги вклучува само шифрите за пристап до одредена адреса за е-пошта, туку и ингеренциите кои се користат за пристап до која било од сметките на други страници. За оние кои користат исто корисничко име и лозинка за сите услуги, ова може да биде голем проблем.

На мета не бил некој одредени клиент за е-пошта – сите биле подеднакво погодени (Hotmail, Gmail, Yahoo и други).

Порталот наведува и дека најверојатно станува збор за компилација од оние кориснички имиња и лозинки кои претходно биле мета на хакери – значи не е нов напад, туку збир на разни претходно протечени податоци, што не ја намалува сериозноста на целиот потфат, бидејќи ретко се случува да ги има толку многу на едно место.

Ако сакате да проверите дали вашата е-адреса е опфатена од хакерскиот напад или дали е загрозена нејзината безбедност, можете да ја проверите тука. Само внесете ја вашата адреса за е-пошта и ако ја нема во базата на податоци, добро е. А.Н.