На 8 јуни 2022 во 18 часот, во културниот дом, “Кочо Рацин” Скопје (КО-РА) , проф. Ванѓа Н. Радевска -Халанџи, доктор по психолошки науки, ќе има научно предавање на тема, “Особености на мисловни операции кај човекот -личност”.

На предавањето ќе бидат опфатени сите категории на личности.

Реномираната универзитетска професорка, сега во пензија, најави и нова книга наскоро.

Инаку таа подучува на креативна терапија. Неодамна јавно сподели совет:

-Со конец и игла да се запишат мисловните операции.

Македонска жена, која опредметува мисловни операции, со молив, глето, мотика и слични предмети, јас ќе претставам, со конец и игла на разновидно платно.

Создавала облека и прекривки во домаќинството, со тоа го разубавувала

Телото и домот.

Внесувала светлина околу себе и околината.

Да го прославиме денот со 31-експонати видови на везби, напишани од Македонска рака.

Видете, прочитајте, кажете па и земеме некоја мостра.

Светлина за сите, напиша таа и сподели фотографии од рачни изработки.