Деновиве во Скопје се случи уште една впечатлива уметничко еколошка граѓанска активност која заслужува внимание и поголема афирмација. Имено, дваесеттина деца, од улицата “Зеф Љуш Марку” под раководство на ценетиот професор Насер Мифтари, кок живее на оваа улица, и заедно со нивни другарчиња од другите улички спроведоа еколошка акција и за разубавување на улицата “Цртање на ѕидовите – разубавување преку цртеж”.

-Акцијата е секојдневна и продолжува, тече во зависност од новите идеи и нивна реализација. Нашите секојдневни активности се : чистење/метење и миење на, а нормално тука сме и за пофалба на децата. Други активности ни се чистење на ѕидови и молерисување на истите, фарба на врати, правење и поставувње на корпи за отпад, поставување на саксии со цвеќиња, фарбање на тротоари… додека вчерашното беше “цртање на зидовите – разубавување преку цртеж”, со што беше исполнета детската желба, ни објасна професорот.

Инаку овие активности течат две три години -проект, го именувале “Јас за маалото, маалото за мене!”

– Целта ни е свеста да ја подигнуваме со добри примери. Главна цел беше и е подигнување на свеста за чиста и здрава животна средина. Ја надминавме оваа цел, веќе градиме “вистински граѓански активизам” – мултидимензионален, како и одржливо демократско општество!Самоиницијативно и со самопридонес, сите вклучени во акција, со голема слобода на изразување мислења и идеи, меѓусебна почит и индивидуална одговорност. Постигнавме најмладите да го сочуват редот, мирот, хигиената и меѓусебното почитување. Веќе сме како едно семејство, нагласува гордиот професор.