Името на Насер Мифтари долги години е синоним за ценет и успешен просветен работник, наставник, низ чии предавања поминале бројни генерации. Во кратки црти, кој е Насер Мифтари?

– Роден сум 1965 година., во скопското село Никиштане, населено место, познато и како “село на учителите”, според бројот на населението, во семејство на првиот наставник со завршено учителско четири годишно училиште. Домашното воспитание и образованието на прекрасните учители, наставници и професори на сите образовни нивоа, влијаеле да тој добие се што е најдобро и највредно човеково, на кои од срце и со почит им се заблагодарувам. По завршување на Виша педагошка школа “Климент Охридски”-1986 година, се вработувам како наставник во ОУ”Ј. Х. Џинот”, во планинските села на Скопска Китка, па потоа во две градски училишта, додека од 2010 година до денешен ден сум во СУГС “Зеф Луш Марку”, Скопје, како професор по предметот историја. Исто така, за себе еве во трето лице еднина би дополнал и дека- професор Насер Мифтари, додека работел како наставник по ОУ, тој освен наставниот предмет историја предавал и географија и граѓанско образование, од каде научил и поучил многу нешта, кои влијаеле многу во неговото денешно работење и живеење…

Имате ли барем отприлика статистичко сознание колку деца биле ваши ученици?

– Ха. Иако можам да потврдам точна бројка (мнозинството списоци се уште ги имам и ќе ги чувам до крај на животот), ќе одговарам со прилична бројка, а тоа е доволна за да бидам избран за народен пратеник!

Вашиот работен век е навистина доста долг и доста плоден.

– Мојот работен век е доста долг, и веќе е навлезен во четвртата декада, додека што се однесува до местата каде работев, веќе кажав, но со гордост ќе одговорам, дека тоа беше на неколку различни средини и училишни објекти, каде стекнав многу знаење, колеги и пријатели, со кои и денес сме активни во комуникација и соработка!

Она што јавноста го дознава за Вас се и Вашите еколошки активности кои ги организирате во слободно време. Неодамна со група ученици ги боевте и разубавувавте улиците во Чаир. Како се создаде таа идеја?

– Оваа е доста интересно за мене, како другите ме познаваат и препознаваат. Да, вистина е дека се занимавам со еко-култура, која ја сметам за задолжителна, но јас исто така сум активист на повеќе полиња. Јас на професионален план сум наставник, но во секојдневниот живот сум еден меѓу многуте обични граѓани, активист кои сака денешниот ден да го направи што подобар за утрешно живеење,па така освен екологија, активен сум и во полето на мировно образование, човекови-детски права и слобода, мултикултурализам, спорт и друго. Сето во соработка со многу колеги, пријатели, комшии, ученици и други истомисленици, во склоп на многу НВО проекти но и надвор од тоа како доброволци – волонтери! Што се однесува до еколошките активности, тоа беше идеја која произлезе и се развии, сосема спонтано со деца од маалото, на која ни се придружија сите без разлика на возраста, пол и професија. Но сепак ќе нагласам неколку извори: децата со нивната игра и просторот како проблем, желбата за чиста и здрава животна средина, и лубовта кон убавата глетка. Овие нешта подолго време беа инициалната каписла, за да се нешто направи! Но како да се почне и кога, беше момент кои нема да се заборави никогаш. Одговорот на ова има причина, а тоа само една – премногу лесно и обично… со само едно разговорно прашање – дали сте за чистење на старите и беззначајни градити по ѕидовите и миење на улицата…?Едногласното “за”, направи чудо, која покажа и докажа дека сите сакаме чиста и убава средина, само потребно е да се иницира.

Како врвен и посветен педагог учествувавте и во тимот кој го предложи на кодексот како медиумите треба да известуваат за децата, донесен под покровителство на “Меѓаши”. Колку е битно наставникот добро да ја познава психологијата на децата за да има успешна работа?

– Интересни прашања, но многу значајни. Како што спомнав, сум дел на многу проекти, како внатре така и надвор од училиштето, формална и неформална настава, кои имаа за цел подигнување на свеста кај помладата популација. За да се оваа постигне, е потребно да имаш знаење и вештини. Еден многу важен аспект, кои не треба да се изостави, е емоционалната интелегенција, која се постигнува со добро познавање и примена на човекова-детска психологија, надополнета и поткрепена со педагошки-дидактички знаења и вештини.

Забележливо е вашето често присуство на конференции каде давате конструктивни предлози на значајни општествени теми . Како наоѓате време сево ова да го постигнете?

– Целите на граѓанското образование, пред и се, се: доволно доброто информирање на индивидуа-граѓанин, вклученост и активен во сите општествени процеси. За да се оваа постигне, треба да читаш повеќе, да научиш и учествуваш. Никој нема време повеќе од колку што е за сите, но зависи како тоа се организира и менаџира,но без размислување и сомнение, за ова е заслужно и златното семејство!

Неодамна промовирате книга, публикација. За што станува збор?

– Првата печатена книга “Патиштата на животот”, е збирка на стихотворби -поетика, која е израз на моите гледања и размислувања за човекот, животна средина и светот воопшто,со воспитно – образовен карактерет. Со информации и пораки за подобра иднина! Додека втората, “Пораките на преслапот”, е монографија посветена на брат ми – првиот учител со завршено учителскашкола, во негова чест како благодарница за неговиот придонес за еманципација и развој на семејството и средината во општо. Неговиот лик е претставен како ѕвезда семејна и пошироко, за многу промени и развој на менталитетот, усовршување на руралното со урбаното, половата еднаквост, образование… човекот кои со неговата работа, не направи горд со многу нешта во семејството и тоа: наставници, професори, доктори и старешини

Накусо, дали имаме квалитетно образование, и што треба да направиме за да го подобриме?

-За жал “не”. За образование имам многу за кажување, но во некоја друга прилика! Немаме и нема да имаме, се додека не ја искорениме политизацијата и партизацијата, се додека не го применуваме професионализмот, според постигнати резултати и заслуженото во работното место и работните задачи. Мораме да спроведеме права и експертска образовна политика, со јасни и прецизни правила и критериуми и крајно почитување на законит, а не политичко образование…

Неуморен професор, кој за себе ќе рече “Се обидувам да го зачувам, постигнам и докажам авторитетот и дигнитетот на наставникот”. Која е Вашата порака до другите наставници, до другите просветни работници?

-За жал, во вакви околности е тешко да ја погодиш најдобрата, затоа што луѓето се многу поделени, со посебен акцент просветните работници! Доминира партиското и личните интереси и влијанија! ” Да се обединиме во борба за професионално ослободување, унапредување и развој на наставнички авторитет, дигнитет и достоинство… Образовниот процес да го делат само наставниците, тие кои деноноќно мислат за доброто на човекот, пред и се учениците – младите!