ПМГ Џез/PMGJazz со задоволство го претставува 33-тото издание на автентична македонска музика во коавторство на Глигор Кондовски, Марија Каева и Владан Дробицки насловено „Разгледи”.

Студискиот албум „Разгледи“ произлезе од една необична виртуелна средба на овие тројца домашни музичари, докажани автори во полето современата џез, рок и поп музика, од која се создаде овој автентичен и извонреден музички запис, кој несомнено придонесува во збогатување на домашното музичко творештво.
Со вткаен автохтон израз во современа композициска и интерпретациска
форма „Разгледи“ се движи надвор од воспоставените одредници на времето
и просторот на брзодвижечкиот и вртоглав свет и нуди инаков поглед и доживување на околината и релациите во и со неа. „Разгледи“ пред сѐ е
место на кое што можеме да подзастанеме и разгледуваме, ослободени од очекувањата за замислени светови и неостварени желби. Сето ова е вткаено во 4 музички композиции „Тишина“, „Замолчи“, „Човек“ и „Мила Зима“. 
Така на пример, правата нумера е посветена на птиците кои се исчезнати или им се заканува исчезнување, за да одвоиме време и го разгледаме
нивното значење во светот во којшто живееме. Текстовите се обраќаат поетски, музиката тече без вообичаените ритам и бас линии и со тоа ни дозволува една интимна аудио прошетка погодна за слободна интерпретација и  поинакво доживување на времето и просторот во кои се наоѓаме.
„Разгледи“ е дело на: Глигор Кондовски – виолина, Марија Каева – вокал, Владан Дробицки – тромбон, музика – Кондовски, Каева, Дробицки, текст – Марија Каева, аранжман – Кондовски, Дробицки, PMGJazz 033/2022. 
“Разгледи” како дигитално издание е достапно на bandcamp профилот на ПМГ Џез, со директен пристап на следниов линк:
https://pmgjazz.bandcamp.com/album/razgledi