дома Култура Литература Разговор со Драго Гламузина во „Кино Култура“

Разговор со Драго Гламузина во „Кино Култура“

29

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ организира разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина овој петок, 29 јуни во „Кино Култура“, со почеток во 20 часот. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.

Драго Гламузина во текот на јуни е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа Готен, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“.

Драго Гламузина е роден 1967 година во Вргорац. Дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб. Работел како новинар, а моментално е главен уредник во издавачката куќа „Ве-бе-зе“ од Загреб. Пишува поезија и проза. На македонски јазик му се преведени 4 книги: збирките поезија „Месари“, „Тоа ли е сè“, „Еверест“, како и романот „Три“. За збирката „Месари“ ја има добиено наградата „Владимир Назор“ и „Квирин“, а за романот „Три“ ја добива наградата на „Т-портал“ за најдобар хрватски роман во 2008 година.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.