дома Политика Свет Рација во Германија: Осум лица од Балканот уапсени за Исламска држава

Рација во Германија: Осум лица од Балканот уапсени за Исламска држава

22

Германската полиција уапси осум лица, кои потекнуваат од Балканот, под сомнение дека собирале пари за таканаречената Исламска држава. Околу 150 специјалисти извршија упад рано утрово во седум куќи кои припаѓале на едно големо семејство во Оберхаузен. Беа уапсени четири мажи и четири жени, на возраст меѓу 19 и 58 години, пренесува „Билд“.

Како што се додава, седум од уапсените лица имаат германски пасош, но доаѓаат од Балканот, додека еден од нив е државјанин на БиХ. Портпаролот на полицијата, Урлих Васбендер, изјави за „Билд“ дека членовите на семејството се осомничени дека долго време собираат пари за сламска држава и на тој начин ја поддржуваат борбата на терористите.

Полицијата нема никакви навестувања дека планирале напад.