дома Култура РАШЕЛА ГИНОВА-КАРАФИЛОСКИ: Мојата задача е да создадам магија и да ги однесам...

РАШЕЛА ГИНОВА-КАРАФИЛОСКИ: Мојата задача е да создадам магија и да ги однесам слушателите во друг свет!

514
Пишува: Валентина Ѓоргиевска Парго
Македонско радио – Радио 2, и стана животен белег веќе десеттина години, но и покрај тоа на Рашела Гинова- Карафилоски и замеруваат зошто не го облагородува екранот и на Македонската телевизија со својот убав лик, пријатна појава, но и големо тридецениско Тв искуство.”Телевизија, а зошто и да не повторно?”, вели, а дотогаш радиото е нејзина професионална адреса. Моментално привлекува со нешто сосема заводливо.
*” Заводлива квечерина” е на брановите на Македонско радио-Радио два е една импресивна нова емисија која ги привлече радио слушателите, затоа што во неа секој може да пронајде дел од себе во неа. Како се роди идејата за ваква радио програма? 
-Првото издание на ЗК се случи пролетта 2017 година. Се договаравме со главниот и одговорен  уредник на Радио 2 – Зоран Мирчевски за некои нови содржини со кои би го освежиле етерот на Радио 2. На списокот имаше повеќе идеи па мојот избор падна токму на “Заводлива квечерина”. Знаев дека ќе можам да “издржам“ ха ха, токму ваков тип на емисија и се договоривме јас да ја уредувам и водам. Но, токму таа 2017 не ни успеа да ја изведеме “Заводлива квечерина” на вистинскиот пат. Заради лични обврски и приватни причини, по неколку месеци од емитувањето ја заклучивме во фиока.
*Љубов, недостиг, разделби , патувања, спомени, копнеж…Пишувате за се, вие сте авторка и водителка на емисијата. Се се тоа суптилни теми кои мора убаво и мајсторски да бидат опишани низ “збор”. Како се подготвувате за темите, бараат ли доста време шетање по енциклопедии, книги, публикации, интернет? 
-Најпрво ја избираме музиката, или уредникот или јас. Откако ќе ја направиме плеј листата, почнуваат слатките маки. Додека Мишел (ќерката н.з.) гледа некоја детска емисија, а мојот сопруг слуша некој спортски пренос сето тоа пуштено на максимум, јас пишувам. Не позајмувам приказни од енциклопедии, песните на слушалки ги преслушувам по неколку пати и приказните сами течат. Копам и раскопувам, по сопственото минато, на моите блиски, пријателите. Понекогаш и приказните на самите песни ме водат. Секогаш ги проверувам биографските податоци на оргиналот на песната и од таму долевам по некоја капка на текстот.
Не е лесно, зема време ме “изморува“ но финалниот производ е вистинско задоволство.
*Авторството не ви е туѓо, пишувањето исто така. Да напоменеме дека и во областа на театарската уметност имавте и обиди и добри остварувања, токму во тој пишуван дел. Но, модерно е да се напише книга, чинам, последниве десеттина години. Не е тоа провокација која ве допира?
-Премногу ми недостига театарот, ми беше неворојатна инспирација додека се беше во ред. Можам само да замислам колку им недостига на самите актери и на целата театарска фела.Токму Т Е А Т А Р О Т доминира во моите текстови, или најчесто поврзувам приказни врзани за “сцената“. Во една од емисиите направивме и еден дијалог со мојот почитуван колега “Тик так” , позајмен од незаборавниот “Галеб” на Чехов. Излезе одличноо хахаха. Сега, за книгата, хм. Тука е во мене ја носам, ја пишувам и допишувам секојдневно, а започнува во едно село од другата страна на границата – на југ каде што беше родена мојата баба.
 *Да се вратиме на емисијата, имате голема екипа и професионална зад себе, монтажата и тонскиот дизајн е на Виолета Велјановска, жена- мајстор на својот занает.
-Особен белег на емисијата и дава нашата монтажерка Вики, која прави една убава приказна од музиката и текстот и ја “пакува“ со многу љубов и емиции.Екипата на ЗК ја сочинуваат две многу чувствителни девојки и уредникот како голема поддршка со музичкиот избор. Тоа сме јас и колешката Виолета Велјановска која ја прави монтажата и тонскиот дизајн, и не само тоа, на шега велиме дека јас ја носам, а Вики ја обликува магијата која и е повеќе од потребна на една ваква емисија. За да допре до слушателот со емоцијата со која ја правиме, ЗК треба технички добро да се обмисли и обои. А тоа одлично и успева на Вики, која како и јас посветува доста време и емоции во истата.
 *Изборот на музиката е најчесто ваш и на главниот и одговорен уредник на Радио 2- Зоран Мирчeвски. Шпански , франциски, англиски познати и помалку познати рефрени во еден поинаков, заводлив, ритам е она што провејува во емисијата. Џез, боса нова, ремикси на познати балади, и секако избор на “добра“ македонска музика. Сето тоа прави една радио магија. 
-Имам голема трема пред секоја емисија, како да е во живо. Не дека не и верувам на Вики како ја “спакувала“ емисијата, не не напротив, очекувам и секогаш добивам подеднаков фидбек во посветеноста за да се слушне секој трепет во гласот, секоја воздишка, секоја солза заглавена во грлото. Има, и насмевки секако. А кога уредникот ќе ни ја подготви плеј листата е тогаш веќе “имаме проблем“, се шегувам. Искрено, колку и да не сакам, размислувам (и тој сега прв пат ова ќе го дознае) дали има нешто лично со песните кои ги одбрал. Да бидеме искрени сите имаме свои лични фаворити – музички, кои сакаме да ги “протнеме“ секој во својата емисија, но кога се работи за избор од само 6-7 песни е тогаш имаш право и да помислиш дека има нешто лично во некоја од нив. Најважно, досега немало музичко промашување за што зборуваат најверните слушатели.
*Но оваа емисија почна пред 3- 4 години а, од оваа есен несекојдневна по многу нешта, ја вративте на програма, со многу повеќе посветување во подготовката и начинот на интерпретација. Зошто чекавте толку долг период за да ги оживеете “Заводливите квечерини”?
-Covidov…ах, проклетиот  “заврши  голема” работа. Во една ваква карантинска живејачка разделени од вистинскиот живот, создавењето на еден ваков тип на емисија стана речиси неопходно.Толку многу си недостигаме едни на други што невозможно е некој да не се чувставува летаргично, осамено, повредено , заборавено или да не сонува и да не копнее. Пишувањето и инспирацијата пред 3-4 год и сега е сосема поразлично. Маските што ни го покрија не само лицето туку и срцето тогаш ги немаше, а сега не направија нивни заложници, но најголемиот непријател што се надвисна оваа 2020 над нас е стравот кој не демне и мир на душава не и дава. Сепак, во нашите квечерини колку што можеме се обидуваме верната публика да ја оттргнеме од  реалното и да ја пренесеме во еден друг свет- кој верувам наскоро ќе се врати.
 *Текстот што го пишувате за најавите потсетува и на поезија и на проза истовремено, и во него ги има вкомпнонирано сите  искуства, желби, соништа, сублимирано во едно чувствително “кажување“ – во етерот. Има и многу воздишки, има понекогаш и солзи, и од едната и од другата страна. Емотивност е ваш личен белег, а, без тоа и самата емисија не би била тоа што е.
-Има дури и моменти кога излегувам од нашето мало студио “нашата мала сцена“ и велам – не можам денеска. Да изнесете во етерот вистинска емоција не е воопшто едноставно. Има и моменти кога со Вики, го запираме снимањето на некое време, па одиме одново. Сите станавме поинакви оваа 2020, пловиме на бродот кој не знаме во кој правец ќе не однесе, живееме во неизвесност. “Наредено“ ни е емоциите да ги сведеме на минимум, секако тоа некого погодува помалку некого повеќе, и сега, кога некој што ви верува ви отстапил простор во етерот да донесете една ваква емисија тогаш нема играчки, или ќе ја “Извадите од вас“или одете си дома.
*Сакате и цитирате понекогаш и македонска поезија, како што и самата велите во емисиите, за вас многу значајна во емисијата. Ова беше период кога за истакнување на нашиот идентитет сите ние “веземе” по некој антологиски стих на секоја можна сцена, онлајн или во живо. Што од сето македонско творештво вам ви е најдраго за рецитирање? 
-Од средношколските денови кога во „тетарската дружина “во која членував а, ја водеше нашата незборавна класна Ратка Илиевска – Лале професорка по  ликовна уметност првите стихови кои ги голтавме буквално а ги презентираше незаменливата Софија Гогова- Врчаковска беа на почитуваниот Михаил Ренџов. Еве само нешто – „Велат кога не се вратил тој, таа се скаменила, на полноќ од каменот тивко липање се слуша, и морето се смирува, и на него гугутка слетува, нејзината душа велат…“ Оттука, преку Ацо Караманов, Вапцаров, Петре.М Андреевски, Радован Павловски, Никола Маџиров  зарем има крај оваа низа?! И, секако Кочо – неговата “Ленка” татко ми ме научи да ја “кажувам“- на неполни 4 години…„О, зошто ми остана кошула недоткаена , кошула беше даровна“. Миладиновци ги носам во срцето а Т’гата за ЈУГ е најголема.
*Премиера во среда во 19 часот, реприза сабота 18 часот, а во петок и недела одат постари репризи во истите термини. Имате сугестии да трае подолго и да трае во некој друг подоцнежен термин. Би направиле ли продолжување и измена на терминот?
-Не знам дали би го имала истиот ефект емисија кога би траела подолго?!И дали слушателите би ги држела истата емоција подолго до 35 – 40 минути, а за периодот на емитување за тоа можеме да размислуваме.Сите до еден сме со желби оваа 2020 да ја испратиме конечно, и во новата да внесеме и надоместиме се што недостигаше, секако свесни сме колку тоа ќе биде еден долгорочен процес, но не и невозможен.
*Досега на програмата на Радио 2 немало ваква емисија, драга Рашела, Ви посакувам да трае уште долго затоа што во неа оставате голем дел од себе. За крај, со која тема ќе ни ја “обоите” последната емисија од оваа чудна 2020 година, а со која ќе ни ја започнете 2021? Но, и понудете ни една музичка нумера. 
-Благодарам Валентина, од мое и во во името на нашата екипа. Песната што ви ја доставувам е дел од една убава квечерина, од емисијата “Музичка сонувалка”, и ова музичко цветче им го посветувам на мојата мајка, и на мојата тетка кои ни се најголемата поддршка. А во новогодишната емисија? Повторно многу љубов и емоции, соништа. Да, убава мисла, желби и молитви за една Нова година која ќе го запре ова страшило кое не гушнало и не не пушта. Ќе се обидеме новогодишната “Заводлива квечерина” да ја направиме колку што можеме попривлечна за сите што ќе сакаат да си подадат рака на помирување, ќе ги изгушкаме виртуелно, ќе им пратиме и бакнежи…и ќе се договориме дека точно на полноќ сите ќе ја помислиме истата желба… ЗБОГУМ  КОРОНА !!!